
ФОТО | Дали ова е нејзиното најпровокативно издание досега? Дуа Липа ја покажа својата совршена фигура
Пејачката Дуа Липа го започна канадскиот дел од нејзината турнеја „Радикален оптимизам“, а особено ги воодушеви обожавателите со својата провокативна облека. Глобалната ѕвезда настапи во Торонто во понеделник, а неколку моменти од настапот сподели на Инстаграм.
Препорачано
View this post on Instagram
Дуа се качи на сцената во златно трико со корсет кој особено ги истакнуваше нејзиниот тенок струк и долги нозе. Со смелото трико носеше и мрежести хулахопки.
Пејачката подоцна во вечерта се пресоблече во уште една провокативна модна комбинација. Носеше црна креација со детали од чипка и длабоко деколте, а во неа провокативно танцуваше на стол.
Патем, Дуа започна голема турнеја во 2024 година, а треба да ја заврши во декември оваа година. Покрај нејзините зафатени концерти, Липа ужива во друштво на својот вереник Калум Тарнер. Двојката неодамна започна заеднички бизнис – филмска продукциска компанија наречена „TwentyTwo Films Limited“.
„Дуа и Калум се амбициозни луѓе и имаат многу планови за заеднички потфат. Таа и претходно се обидела во филмот. Но, ако работи на други проекти, сака да има поголема креативна контрола. Таа и Калум имаат многу идеи за кои мислат дека би можеле да функционираат. Сè е многу рано, но работите веќе се движат напред“, изјавија извори за странските медиуми.