
ФОТО | Црниот фустан со бел лотосов цвет на Меган Маркл прогласен за фустан на 2021 година
Црниот фустан со апликација од бел цвет кој Војвотката Меган го носеше во гостувањето кај Опра Винфри, е прогласен за фустан на годината.
Препорачано
Свилениот фустан е со потпис од Армани, а таа го носеше во емисијата седејќи до својот сопруг, принцот Хари.
Музејот на модата со кратко соопштение за јавноста, сподели дека овој фустан е прогласен за фустан на годината.
The Armani dress Meghan Markle wore for her bombshell Oprah interview named Dress of the Yearhttps://t.co/Kz5zmaRNw0 pic.twitter.com/CYmvkrOVvd
— Goss.ie (@goss_ie) February 24, 2022
„Познато е дека членовите на кралското семејство често користат облека за да испратат порака преку нивниот избор на стил, боја или мотив. Се верува дека Меган Маркл избрала фустан со дизајн на цвет од лотос поради симболичната поврзаност на цветот со повторното раѓање, саморегенерацијата и духовното просветлување и неговата способност да цвета и покрај навидум предизвикувачките услови – стои во соопштението, пренесува People.
Англискиот моден музеј Бат уште од 1963 година бара од модните новинари и уредници да изберат фустан или облека што најдобро ги претставува најважните нови идеи на современата мода. Оваа година се избрани Ибрахим Камара и Герет Рајтон, главен уредник и уметнички директор на списанието Dazed.
„Во денешната хиперстилизирана поп-култура, фустанот на годината има потенцијал да биде „меме на годината“, а сите го прифативме сега веќе култното интервју на Меган и Хари со Опра како дефинитивен момент што засекогаш ќе остане во британската колективна свест“ – се вели во соопштението.