Фото: Profimedia/Твитер/Расел Кроу

ФОТО | Чоколаден гладијатор: Расел Кроу доби „слатка“ скулптура во Малта

Австралискиот актер Расел Кроу, односно неговиот лик Максимус од филмот „Гладијатор“ („Gladiator“), доби скулптура во Малта, но не бронзена или мермерна, туку исклучително слатка – од чоколадо.

Последното во долгата листа со признанија на Кроу е чоколадна скулптура висока речиси два метри, која е направена за да го прикаже главниот лик на епскиот спектакл исклучително верно.

Расел Кроу во филмот „Гладијатор“ („Gladiator“ ) / Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

На актерот, очигледно, му се допаднала оригиналната идеја, бил импресиониран од скулптурата и ја пофалил на социјалните медиуми.

„Некои луѓе добиваат бронзени скулптури. Некои од мермер. Во Малта ме направија од… чоколадо. Откако фестивалот ќе заврши, јас ќе бидам достапен за… јадење“, напиша Кроу.

Скулптурата е создадена како дел од годинашното 13. издание на чоколадниот фестивал „Хамрун“ во Малта, каде што делумно е и снимен легендарниот филм. Таа тежи околу 150 килограми, а нејзиниот творец Тицијано Казар направи и чоколаден Мики Маус за годинашниот фестивал.

ФОТО | Расел Кроу е далеку од секс – симбол: Што остана од градијаторот Максимус?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот