
ФОТО: Членовите на Алкалоид Звонко Станојоски и Моника Стојковска се државни шампиони во шах
Во хотелот „Континентал“ во Скопје завршија првенствата на Македонија во шах во машка и женска конкуренција со најголем број на учесници, најборбени и најнеизвесни до самиот крај и првпат со пренос на партиите преку интернет на електронски шаховски табли.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во машка конкуренција настапија 95 шахисти и до последното коло дури деветмина шахисти имаа шанси за прво место и освојување на победничкиот пехар. Во последното коло, во до крај неизвесни мечеви, победи искуството. Првото место го освои ВМ Звонко Станојоски од Шаховскиот клуб Алкалоид со што стана и шампион на Македонија за 2023.
Радува податокот што во првите десет имаше дури седумина од младите таленти кои доаѓаат и треба да го понесат товарот на македонскиот шах и македонската репрезентација во блиска иднина.

Конечен пласман:
1. ВМ Звонко Станојоски, ШК Алкалоид
2. ФМ Андреј Вељаноски, ШК Гамбит АССЕКО СЕЕ
3. ИМ Николовски Никола, ШК Гамбит АССЕКО СЕЕ
Не помалку интересно беше и во женска конкуренција каде што настапија 10 учеснички. Првото место го освои ВФМ Моника Стојковска од ШК Алкалоид со што стана шампион на Македонија во женска конкуренција за 2023 година.

Конечен пласман:
1. ВФМ Моника Стојковска, ШК Алкалоид
2. Ивана Манова, ШК Гамбит АССЕКО Сее
3. Моника Жежовска, ШК Гамбит АССЕКО Сее
Пехарите на победниците им ги додели претседателот на Шаховската федерација на Македонија, Саша Богдановиќ. На свеченото затворање претседателот на ШФМ му додели и плакета, за особени заслуги и развој на шахот во Македонија, на еден од доајените на македонскиот шах Благоја Сотировски – Џагуре.
