Бред Пит и Бредли Купер - Фото: Profimedia

ФОТО | Бредли Купер и Бред Пит ги одведоа своите партнерки на двоен состанок во Њујорк

Актерот Бред Пит и дизајнерката на накит Инес де Рамон ја поминаа вечерта со моделот Џиџи Хадид и актерот Бредли Купер. Паровите уживаа во вечерно дружење во „Cote Korean Steakhouse“ во Њујорк во петокот вечерта, пренесува „Пејџ Сикс“ (Page Six).

Хадид беше лежерно облечена во бела маица, сребрени панталони и тексас јакна, додека Купер носеше црна маица и темни фармерки. Пит, од друга страна, беше облечен во сјајна, светло сина кошула и црни фармерки, а Рамон носеше мини светло жолт фустан за пригодата.

Ова излегување се случи кратко откако Хадид и Купер официјално ја потврдија својата врска. Двајцата за првпат беа видени заедно во Њујорк во 2023 година, додека Пит и де Рамон за првпат беа видени заедно во 2022 година на концерт на Боно во Лос Анџелес.

Купер и Пит се пријатели со години. Уште во 2020 година, Пит јавно му се заблагодари на Купер што му помогнал да се откаже од пиењето, а познато е и дека самиот Купер се борел со зависност до 29-годишна возраст. „Се отрезнив благодарение на овој човек и оттогаш сум подобар секој ден“, рече претходно Пит за Купер.

Пит повторно го пофали Купер на церемонијата на доделување награди на Филмскиот фестивал во Санта Барбара во 2024 година. Покрај нивното блиско пријателство, тие делат и страст за трки – Купер е виден на бројни трки од Формула 1, додека Пит игра возач на Формула 1 во претстојниот филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот