
ФОТО | Братучетките на принцезата Дајана ја покажаа својата долна облека во Венеција: Сè се гледаше под елегантните проѕирни фустани
Елиза и Амелија Спенсер, братучетки на принцезата Дајана, се појавија на Филмскиот фестивал во Венеција и ги воодушевија сите со своето елегантно издание. Тие присуствувале на премиерата на филмот „По ловот“, во кој Џулија Робертс ја игра главната улога.
Препорачано


Овие дами, како и секогаш, покажаа непоколеблив моден стил кој очигледно го наследиле од принцезата Дајана. Долгите фустани и впечатливиот накит беа одлична комбинација, а долгите прорези на фустаните ги покажуваа нивните манекенски фиигури. Под проѕирниот материјал се гледаше и долната облека, што дополнително ја привлече публиката.
Нивните фризури беа идентични, собрани во пунџи. Дискретната шминка особено ја нагласуваше нивната природна убавина.
Кои се познатите близначки Спенсер?
Кога се родиле овие две дами, на нивните родители им било кажано дека не се идентични близнаци. Двојајчените близнаци, како што се верувало, не се идентични и делат 50 отосто од нивниот генетски материјал, исто како „обичните“ браќа и сестри. Тие можат да бидат од ист или различен пол и не мора да личат еден на друг. Кај идентичните близнаци речиси и да нема визуелна разлика. Тие решиле да направат ДНК тест и да проверат колку сличности навистина има меѓу нив. Резултатите што ги добиле го потврдиле она што веќе го претпоставувале. Откако го направиле тестот „23andMe“, кој се смета за најточен, внуките на принцезата Дајана добиле потврда дека се во право. Како што изјавиле за списанието „Tatler“, тие секогаш знаеле дека се идентични близнаци, иако целиот свој живот биле убедени во спротивното.
– Се случува да мислиме исто, да чувствуваме исто, да си ги довршуваме речениците… Нема посилен доказ од тоа – велат овие дами.
Амелија и Елиза имаат две години постара сестра, Кити Спенсер, која, како и тие, се занимава со манекенство, како и помлад брат, Луис. Нивната мајка е поранешната манекенка Викторија Ајткен.