Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

ФОТО | Братот на Бензема жестоко го критикуваше тренерот на Ал Итихад: Тоа е криминално!

Ал Хилал го победи Ал Итихад со 4:1 и така го освои саудискиот Суперкуп. Абдерезак Хамдалах го постигна единствениот гол за Ал Итихад, додека за победничкиот состав по два гола постигнаа Малком и Насер Ал Далсари. За Ал Итихад цел натпревар го одигра и Карим Бензема кој не придонесе скоро ништо на теренот.

По натпреварот, Греси Бензема (31) братот на освојувачот на „Златната топка“ од 2022 година жестоко го критикуваше тренерот на Ал Итихад, Марсело Гаљардо.

„Сега го стави Карим на левата страна? Тоа е криминално и нема смисла. Треба да се почитува фудбалот“, напиша Греси Бензема кој според информациите на „Трансфермаркт“ исто така е напаѓач.

Ќе потсетиме, Бензема летото 2023 година го напушти Реал Мадрид и потпиша тригодишен договор со Ал Итихад каде што добива годишна плата од 200 милиони евра. Во последниот период не игра во најдобра форма бидејќи беше во четиримесечна криза без постигнат гол која ја прекина со голот против Ал Вехда во полуфиналето од Суперкупот.

Бензема четири месеци не постигнал гол: Не сум истиот затоа што и соиграчите не ми се исти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот