
ФОТО | Боки 13 се повлече од наградната игра со Лазаров: „Бедна е среќата што се темели на нечија болка!“
Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, познат како Боки 13, се повлече од големиот проект со јутјуберот Стефан Лазаров – наградна игра во која доделуваат бројни и вредни награди на социјалните мрежи.
Препорачано
Да потсетиме, вчеравечер инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) вчеравечер упаднаа во локал во Штип, каде Јовановски и Лазаров организираа настан за наградната игра без дозвола, објави радио „Лидер“.
Јовановски денеска се огласи на својот инстаграм-профил и образожи дека се повлекува поради здравствени проблеми.
„Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот проект ‘Giveaway’, кој е во организација на мојот најдраг пријател Стефан Лазаров.
Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот.
За сите останати прашања, коментари и ставови, одговорите ќе ги дадам при моето гостување во Лазаров поткаст, во вторник (17 декември) во 21 часот.
Ви благодрам за вашата најискрена поддршка, која ми ја дадовте во огромен број во овој период.
Со почит,
Бојан Јовановски – Боки 13
П.С. Бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи“, напиша Јовановски.

Во меѓувреме, се огласи и Стефан Лазаров и откри дека наградата игра ќе продолжи.
„Знаете кој сум и што правам сиве овие години. Сум поминал и потешки моменти и поголеми притисоци. Јас само знам дека сум чист пред себе и Бог и дека не правам лошо дело, напротив – шириме позитивна енергија и се бориме да успееме самостојно.
Проектот ќе продолжи поради вас, ќе продолжи затоа што знам дека не правам ништо лошо. Ќе продолжи во друга форма и сите подароци ќе се онлајн. Ќе бидете известени за сите промени.
И уште нешто – не верувајте во се што ќе прочитате. Ве сака Лазаров“, напиша познатиот јутјубер на својот инстаграм-профил.
Гивавеј настанот на Лазаров и Боки 13 под лупа на Финансии и инспекторите