
ФОТО | Бјанка Балти откри дека завршила со хемотерапијата: На италијанската убавица ѝ беше дијагностициран рак на јајчници
Италијанската манекенка Бјанка Балти (40) неодамна објави дека ѝ е дијагностициран рак на јајчниците. Фотографиите кои ги имаше објавено открија дека ја изгубила косата поради хемотерапија.
Препорачано
Сега, по повод Светскиот ден за борбата против ракот кој се одбележува на 4 февруари, таа објави хронолошка серија фотографии во кои го опишува времето од моментот кога дознала за болеста до денес.
„Светскиот ден за борбата против ракот отсекогаш бил само случаен ден на кој би ме потсетувале некои објави на Инстаграм, иако тетка ми почина од метастатски рак на дојка на 39-годишна возраст, а мајка ми доби мултипен миелом пред неколку години сама моето тело“, напиша таа.
„На 14 октомври ја започнав битката со хемотерапијата, која заврши минатиот понеделник, но на мое големо изненадување, овие неколку месеци се чувствував жива како и секогаш. Повеќе не го земав животот здраво за готово, а мојата благодарност го достигна својот врв. Сè почна да се чувствува како вистински благослов“, додаде таа.
View this post on Instagram
„Тешко беше и сè уште не е сосема готово, но не би сакала друг начин. Велат: ‘Она што не те убива, те прави посилен’, но моето искуство е дека она што не ме уби мене ме натера да го сакам животот толку повеќе“, заклучи Бјанка во својата објава.
И покрај тешката дијагноза, манекенката постојано одржува позитивен дух и се труди да биде оптимист. Таа често споделува инспиративни моменти на социјалните мрежи, покажувајќи ја својата решителност во борбата против болеста.
Нејзината најголема поддршка доаѓа од нејзиното ново момче Алесандро Кутрера, со кое неодамна беше видена како разменува бакнежи на улиците на Милано. Двојката шетала низ градот, се гушкале, а фотографите ги фатиле моментите. Бјанка јасно стави до знаење дека може да се потпре на Алесандро во овие тешки времиња.
Инаку, во 2014 година Бјанка позираше за насловната страница на „Плејбој“, кој една година подоцна ја прогласи за најсекси жена на светот.