
ФОТО | Првата дама на Јужна Кореја шокира со младоликиот изглед: Била обвинета за поткуп и фалсификување биографија
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-jеол и неговата сопруга Ким Кеон-хи неодамна беа на државна посета на Соединетите Американски Држави, каде нивни домаќини беа американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил Бајден. Приемот беше организиран по повод 70-годишнината од сојузот САД – Јужна Кореја.
Препорачано
Џил Бајден носеше едноставен, но елегантен фустан, а Ким Кеон-хи пристигна облечена во бело сако, широко здолниште и гламурозни ракавици. Интересен детаљ од нејзината модна комбинација беше сребрената плик чанта.

Сепак, тоа што го привлече вниманието на многумина е младоликиот изглед на првата дама на Јужна Кореја. Имено, Ким Кеон-хи на 10 мај ќе го прослави својот 51 роденден, а изгледа барем две децении помладо.
Таа е извршен директор и претседател на компанијата „Кована контентс“, која се занимава со уметнички изложби. Ким Кеон-хи студирала на Универзитетот Кјонги, каде се стекнала со диплома од Факултетот за ликовни уметности.

Нејзината кариера била пропратена со повеќе скандали. Во 2019 година била под истрага за наводно земање мито за одржување изложби. Пред две години, таа неосновано ја „украсила“ својата биографија со Школата за бизнис Стерн на Универзитетот во Њујорк. Таа подоцна се извинила за фалсификувањето и потенцирала дека ќе биде повеќе посветена на својата позиција. Исто така, во тој период била и под истрага за корупција поради наводни малверзации на берзата, пишува јужнокорејскиот портал „Хани“.

Меѓу другото, таа е посветена и на хуманитарната работа, но дел од јавноста ја обвинува дека ја копира Одри Хепберн во начинот на кој ги претставува добротворните напори. Исто така, многумина сметаат дека Ким Кеон-хи го копира модниот стил на Џеки Кенеди.
Јун Сук-jеол и Ким Кеон-хи се во брак од 2012 година.