Игор Џамбазов / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Безусловна љубов: Игор Џамбазов во прегратка со неговата Ферхунде

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов е познат по својата љубов кон животните. До пред десетина години го чуваше Бошко, куче од расата пинч, а во 2011 година ја вдоми мачката Емилија, која беше и главен лик во неговата книга „Приказни од Мјакедонија“ (2013), а која за жал почина.

Веќе е познато дека Игор вдоми куче, кое го крсти Ферхунде Граникова, која подоцна стана Џамбазова. Јавноста многу добро ја познава Ферхунде, таа е речиси на сите објави кои Џамбазов ги споделува на својот инстаграм-профил.

Неговата последна објава на Инстаграм ги стопи срцата на обожавателите. Имено, на фотографијата Џамбазов ја прегрнува и бакнува Ферхунде искажувајќи ја сета љубов кон неа. Покрај фотографијата тој напиша дека во ова време само животните се способни безусловно да сакаат.

„Само животните знаат да сакаат безусловно. Ние, семоќните хомо-сапиенси, како да го заборавивме тоа“, напиша Џамбазов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

ФОТО | „Неговата среќна ѕвезда сè уште ме штити“: Игор Џамбазов со емотивна објава за роденденот на дедо му Петре Прличко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот