
ФОТО | Бен Афлек „уловен“ како се гушка со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, сѐ почесто се заедно
Бен Афлек повторно е фатен во друштво на поранешната сопруга Џенифер Гарнер, а поранешната двојка е фотографирана како се гушка додека игра пејнтбол со нивниот син Семјуел, пренесува „Пејџ сикс“.
Препорачано
Афлек беше „уловен“ на фотографиите како ја фаќа актерката околу половината додека таа го фокусираше пиштолот на мета во пејнтбол паркот во Кастаик, Калифорнија.
Поранешните сопружници останале заедно на теренот, додека 13-годишниот Самуел отишол со своите пријатели. Афлек и Гарнер исто така беа фотографирани додека се смеат и разговараат во парк за пејнтбол, а се чинеше дека оскаровецот не можеше да ја задржи насмевката од лицето додека се дружеше со поранешната сопруга.
— Kai Rose (@KaiRose24891) March 3, 2025
Двојката остана во пријателски односи по нивната разделба во 2015 година, додека нивниот развод беше финализиран во 2018 година. Претходно американските медиуми тврдеа дека парот поминува сè повеќе време заедно откако Афлек се разведе од Џенифер Лопез.
Ben Affleck and Jennifer Garner Laugh Together During Paintball Outing | Click to read more ? https://t.co/gPKRJaAGfN
— TMZ (@TMZ) March 2, 2025
Афлек се засолни во куќата на Гарнер на почетокот на јануари, откако мораше да ја евакуира својата поради пожарите во Лос Анџелес. Тие исто така поминаа време заедно со нивниот син Самуел на Денот на вљубените.
Иако Гарнер е во врска со Џон Милер речиси седум години, неодамна се појавија тврдења дека тој е прилично незадоволен од нејзината сè поблиска врска со нејзиниот поранешен сопруг.