Фото: London Live / X

ФОТО | Барал скапоцености 20 години: Човек пронашол ретка монета во Англија, се шокирал колку вреди

Честопати читаме за ентузијасти низ светот кои користат детектори за метал за да бараат скапоцености во рурални средини и на крајот се изненадени од нивните откритија.

Таквa е приказната на Пол Кејпвел од Англија, поточно Јужен Кембриџшир, каде што овој 59-годишен аматерски истражувач пронашол ретка монета која се датира од времето на императорот Трајан, околу 107 година од нашата ера.

Интересно е што Кевел го посетувал истото поле во последните 20 години, постојано барајќи скапоцености, пишува „Мирор“.

„Досега најдов неколку римски и средновековни монети, но ова е моето највозбудливо откритие. Тој ден ископав неколку потрошени гранати и решив да се вратам до автомобилот. Тогаш се огласи детекторот и на длабочина од 20 сантиметри видов паричка“, рекол тој.

Овој артефакт е исклучително редок, а аукциската куќа „Нунас“ тврди дека само два примеока се видени на пазарот во последните 25 години.

„Монетата е искована во времето на царот Трајан во 107 година од нашата ера, откако тој ги повлекол од оптек сите истрошени републикански монети“, рекол експертот Најџел Милс.

Оваа момента се очекува да биде продадена на аукција на 22 октомври за значителна сума, а почетната цена се проценува меѓу 6.000 и 7.000 евра.

Кејпвел ќе го подели неочекуваниот приход со сопственикот на полето, каде што е пронајдена паричката. Тој вели дека ќе го потроши на нов детектор за метал, или на лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот