Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Ја бакнуваше Кара Делевињ, беше „скршена“ поради предавство, па се вери: Ќерката на Мајкл Џексон конечно е среќна

Ќерката на покојниот Мајкл Џексон, Парис Џексон, се сврши со Џастин Лонг. Таа е единствена ќерка и средно дете на пејачот, која изгради свој идентитет во јавноста. Родена е на 3 април 1998 година во Лос Анџелес, од Мајкл и неговата поранешна партнерка Деби Роу.

Парис се соочува со предизвиците на славата уште од детството, а сега изгледа дека го најде своето засолниште.

Манекенката, пејачка и ќерка на починатиот крал на попот, објави дека се верила со својот колега од бендот Џастин Лонг на социјалните мрежи, каде сподели слатка објава за запросувањето, а на саканиот му го честита роденденот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?? (@parisjackson)

„Среќен роденден, мое сино колаче, животот со тебе последниве години е неопислив вртеж, не можев ни да сонувам за некој совршен како тебе, со кој би можела се тоа да го проживеам. Ти благодарам што можам да се наречам твоја.“, напиша таа.

Иако не откри кога и каде Џастин ја запросил, странските медиуми го забележале прстенот на нејзината рака уште во септември. Се верува дека тие се заедно од 2022 година, а пред тоа, Парис беше во врска со друг колега од бендот, Габриел Глен, со кој раскина во 2021 година по две години врска по што изјавила дека нејзиното срце никогаш повеќе не било скршено.

„Тоа беше мојата најдлабока љубов што некогаш сум ја чувствувала, тоа беше најинтензивната љубов и најсилното предавство што некогаш сум го почувствувала и доживеала. Дефинитивно влијаеше на мене, а сега многу внимавам со кого поминувам време и се обидувам да се заштитам себеси“, рече таа тогаш и никогаш повеќе не објасни на какво предавство мислеше.

Џастин првпат се појави на социјалните мрежи на Париз во група снимена со нејзиниот бенд пред две години, и оттогаш накратко се појавува во некои објави.

Тој е продуцент, миксер и музички инженер од Калифорнија, кој со години работи со Парис зад сцената на нејзините емисии.

Ќерката на Мајкл Џексон, претходно беше поврзувана со Том Килби, музичарот Мајкл Сноди и моделот Кара Делевињ, а на големо се зборуваше и за нејзината хомосексуалност.

Ќерката на Мајкл Џексон порасна во вистинска убавица: Овој совет од нејзиниот татко таа никогаш нема да го заборави!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот