Анџелина Џоли и Захара / Фото: Profimedia

ФОТО | Анџелина Џоли за првпат во јавност по разводот со Бред Пит: Побогата за 80 милиони долари, актерката се појави со променет изглед

Познатата актерка Анџелина Џоли за првпат се појави во јавноста по официјалното завршување на бракот со Бред Пит, минатиот понеделник. Најпрво преку ден беше видена во Палм Спрингс, а потоа се прошета и на црвениот тепих на Меѓународниот филмски фестивал во овој град, во специјално друштво.

Анџелина Џоли, која стана русокоса во 2024 година, и оваа година не се откажува од новата боја на коса. Сепак, таа ја промени фризурата, односно сега има шишки и со тоа го покажа новиот изглед. На црвениот тепих блесна во едноставен црн фустан кој го облече на „гола кожа“, па беше очигледно дека не носи градник. Верна на модните класици, прошета во високи потептици со шпиц, а друштво ѝ правеа ќерката Захара и кумата, познатата актерка Жаклин Бизе.

Фото: CSH/IS/MPI / Capital pictures / Profimedia

Ќерката на актерката се појави во фустан во класична боја како нејзината мајка, само таа носеше бело, додека кумата на Анџелина позираше во црн фустан со сирена крој и впечатливи набори. Актерката цврсто ја држеше за рака ќерката со која споредено со сите деца најчесто се појавува во јавноста.

Фото: VALERIE MACON / AFP / Profimedia

Актерката и Захара одлично се забавуваа на црвениот тепих. Анџелина често се насмевнуваше пред фотографите во текот на вечерта, за што имаше причина да биде среќна бидејќи ѝ беше доделена Пустинската палма награда за најдобра актерка, за улогата во филмот „Марија“, кој ѝ донесе номинација за Златен глобус.

Инаку, актерката по разводот стана побогата за 80 милиони долари, како што пишува „Дејли мејл“ и покрај предбрачниот договор што го потпиша со Бред Пит. Тука спаѓаат бројни имоти кои ѝ припаѓале додека спорот меѓу поранешните сопружници за винаријата Шато Миравалуи во Франција сè уште не бил решен. Се проценува дека Бред Пит, кој би можел да се ожени во 2025 година, досега платил девет милиони долари за издршка.

„Ѝ реков дека Бред е многу возбуден што ќе работи со неа“: Џенифер Анистон само еднаш разговарала со Анџелина Џоли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот