
ФОТО | Американка посетила 26 европски градови и за овој вели дека е најгрд: „Валкан, запуштен…“
Американката Чарли Севил, која посетила 26 европски градови, го сподели своето мислење за тоа кој ѝ бил најлош, а кој најдобар за посета.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Од Бирмингем до Севиља, Чарли посетила најразлични делови на Европа, а сега ги рангирала според сопствените критериуми: храна, атмосфера, достапност и целокупното искуство.
„Ова се само мои лични мислења, засновани на моето сопствено искуство од патувањата низ Европа“, пишува таа во објава на својот профил на ТикТок @charliewallace64.
„Некои ставови можеби ќе бидат контроверзни, но токму тоа ги прави патувањата лични“.
„Посетив повеќе од 26 европски градови, од класични до помалку познати бисери, и ги рангирав од најлоши до најдобри. Пишете ми кој град, според вас, заслужува да биде повисоко (или пониско) на листата!“
Најлош град: Катанија, Италија

На самото дно на листата се нашла Катанија во Италија, со оценка 3 од 10.
Чарли го опишала овој град како „запуштен“ и „валкан“ и изненадувачки тежок за пронаоѓање добра храна. Сепак, нагласила дека погледот кон Етна е навистина восхитувачки, иако „нема баш многу што да се прави освен прошетка низ центарот“.
Следен најлош: Бирмингем, Велика Британија

Веднаш по Катанија се најде Бирмингем, кој добил само 3,2 од 10.
„Бирмингем едноставно не остави впечаток на мене“, напишала таа.
Го опишала градот како без шарм и без кохерентност, а центарот како „благ“ и неинтересен. Сепак, напоменала дека луѓето ѝ препорачале да го посети во декември, кога градот оживува благодарение на божиќните маркети.
Манчестер – сиво и разочарувачко

На листата потоа се нашол и Манчестер, со оцена 3,8 од 10.
Чарли ја разочарале „сивото небо, ситниот дожд и студот“.
Исто така, не ѝ се допаднало тоа што главните атракции биле расфрлани низ целиот Големиот Манчестер, што ја отежнувало посетата.
Прага ја разочарала

Интересно, и Прага се нашла ниско на листата, со само 4 од 10.
„Изгледа преценето“, напишала Чарли, додавајќи дека градот бил преполн со туристи и дека познатите атракции како Прашкиот замок и Карловиот мост „не ги исполниле очекувањата“.
Сепак, додала дека градот бил достапен и имал интересни историски моменти.
Средината на листата: Краков

Краков во Полска го зазел 16. место, со оцена 6,3 од 10.
Го опишала како достапен, лесен за движење и шармантен, но и мал – град што лесно се обиколува за неколку дена.
Трето место: Бат, Англија

Во горниот дел од листата, на третото место, се нашол Бат, кој Чарли го оценила со 9,3 од 10.
„Зградите од песочен камен и архитектурата му даваат безвременска елеганција“, напишала таа.
Додала дека ѝ се допаѓа колку градот зрачи со карактер и ги пофалила независните бутици, пријатните кафулиња и одличните ресторани.
Второ место: Лондон

Лондон го зазел второто место, со импресивни 9,6 од 10.
Иако веќе четири години живее во главниот град на Велика Британија, Чарли напишала: „Сè уште не ми здодеал.“
„Тоа е вистинско место на средба на култури, кујни, стилови и идеи“, навела таа.
Иако признала дека градот може да биде брз и напорен, сепак, рекла дека го сака и дека „никаде нема такво место“.
Најдобар град: Севиља, Шпанија

На самиот врв на нејзината листа е Севиља во Шпанија, со речиси совршени 9,9 од 10.
Го опишала градот дека „целосно ја маѓепсал“, со постојано сонце и весела атмосфера.
„Севиља е автентична, топла и полна со душа. Едвај чекам да се вратам“, напишала таа.