ФОТО: Американците Рајан Сигерман и Патрик Трхач триумфираа на „Македонија Опен 2024“

фото: Игор Паневски

Американската комбинација Рајан Сигерман и Патрик Трхач се победници на годинашново издание на турнирот „Македонија Опен 2024“ (Macedonian Open) откако во финалето 2:0 во сетови 6:4 и 7: 6(4) ги совладаа Чесите Ендрју Полсон и Патрик Рикл за еден час и 16 минути игра.

Американците имаа контрола над мечот иако во вториот сет на свој сервис не успеаја да ја искориста брејк предноста, па сетот се решаваше во тај брејк.

Впрвиот сет Сигерман и Трхач го добија со 6:4, а клучниот брејк за предност во сетот го направија во четвртиот гем за водство од 3:1 и предноста ја сочуваа до крајот на сетот. Во вториот сет секој од дубловите го освојуваше гемот на свој сервис до резултат 5:5, а потоа Сигерман и Трхач направија брејк, но не го задржаа до следниот гем кога на сервис на Сигерман чешката комбинација успеа да изедначи и да се избори сетот да се решава во тај брејк.

Во 13 гем, без многу проблеми Сигерман и Трхач дојдоа до предност и тај брејкот го завршија со 7:4 на поени.

Со победата во Скопје Американците Сигерман и Трхач ја потврдија фаворитската улога и за нив ова е четврти Челинџер освоен оваа година.

– Задоволем сум од настапот и од победата на турнирот, одигравме навистина добар турнир. Им честитам и на финалистите, а се надевам дека оваа сезона ќе биде навистина успешна за нас – рече Сигерман по мечот.

Победниците на турнирот добиваат по 75 поени, со што ќе имаат шанса за голем скок на АТП листата, а финалистите ќе освојат по 50 поени.

фото: Игор Паневски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот