Били Гардел
Фото: Профимедиа

ФОТО | Актерот ослабнал 68 килограми: Се преполовил, никој не може да го препознае

Ѕвездата на ситкомот „Mike & Molly“ Били Гардел детално опиша како успеал да го промени својот животен стил и на тој начин да изгуби дури 68 килограми.

– Мислам дека во одреден момент човек мора да се погледне во огледало и да сфати дека е време да се погрижи за себе – започна 53-годишниот актер во интервју за „Ентертејмент тунајт“.

Били Гардел
Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Гардел, кој денес има 95 килограми, вели дека е голема предност што сега може да купува облека во повеќе продавници. Сепак, најважното нешто што следувало по губењето на килограмите е што исчезнал неговиот дијабетес тип 2.

– Нема дијабетес, бројот на отчукувања на срцето во мирување падна од 113 на 68. Сега сум прилично здрав – се пофалил тој. Гардел открил дека сега јаде мали, но здрави оброци.

– Јадам како сите луѓе на кои им се потсмевав претходно, да бидам искрен – се пошегувал актерот кој пред две години бил на операцијата – направил бајпас на желудникот.

– Операцијата не беше крај, туку почеток – рекол Гардел и додал дека претходно двапати се откажал од зафатот.

Били Гардел
Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

– Ако не сте спремни да започнете здрав живот по операцијата, не правете го тоа. Грижата за себе е многу важна и мислам дека конечно го сфатив тоа. Последниот порок што ми остана е тоа што сè уште пушам цигари, но работам и на тоа – изјавил актерот.

Били Гардел
Фото: Hutchins Photo / Kathy Hutchins new / Profimedia

Промената на навиките и здравиот начин на живот многу му помогнале во односот со неговиот 20-годишен син Вилијам.

– На син ми му бев добар пример во многу работи, но не и по прашање здравјето. Затоа сакам да види дека не е важно колку години има некој, бидејќи ако е подготвен да прави нешто од ден на ден, може да промени се. Тоа е пораката што сакав да ја добие – заклучил актерот.

Били Гардел
Фото: Unique Nicole / Getty images / Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!