
Формула 1: Кими Антонели во 2025 година ќе треба да постигне нешто што не успеал никој уште од 2007 година
Новиот возач на Мерцедес Италијанецот Кими Антонели (18) ќе има тешка задача претстојната сезона, да победува. Тоа изгледа не го плаши тинејџерот
Андреа Кими Антонели ќе дебитира во тимот на Мерцедес идната сезона и со 18 години ќе биде еден од најмладите дебитанти во историјата на Формула 1.
Препорачано
Уште во првата сезона пред младиот Италијанец, кој го менува Луис Хамилтон, ќе биде голема задача, да победува на трки. Таков подвиг кој не е постигнат од времето на Луис Хамилтон во 2007 година.
Сепак, Италијанецот изгледа не е вознемирен од големите очекувања. Напротив, тој веќе цели многу високо за својата дебитантска сезона во дисциплината.
– Се чувствувам подготвен за Ф1. Што се однесува до брзината, мислам дека нема да биде проблем. Единственото нешто што ќе бара многу работа е на најдобар можен начин и да ги научам сите процедури, така што ќе има многу за учење, но се чувствувам подготвен. Сигурно дека победата на некои трки би била сон. Нема да биде лесно бидејќи сите тимови имаат конкурентни автомобили, но тоа е мојата прва цел. Неколку подиуми би биле добредојдени, но главната цел е да донесам неколку победи дома – вели Антонели, кој минатата сезона возеше во Формула 2.
Многу амбициозна цел за Антонели. Всушност, последниот човек што го постигна овој подвиг во Формула 1 беше никој друг туку Луис Хамилтон, кој освои четири трки во неговата прва сезона со Мекларен, во 2007 година.
Во тоа време, британскиот тим беше единствениот со Ферари кој реално можеше да победи на трките. Тоа нема да биде случај во 2025 година, бидејќи повеќе екипи ќе можат да конкурираат за победи.
Тимски колега на Антонели е Џорџ Расел. Шефот на Мерцедес Тото Волф се надева во Антонели да ја пронајде идната голема ѕвезда на Ф1.