
Фондациите на Сорос под надзор: Обвинители во САД ќе проверуваат за „финансирање тероризам“
Од „Отворено општество“ тврдат дека недвосмислено го осудуваат тероризмот и не го финансираат, дека нивните активности се мирни и законски и дека обвинувањата ги сметаат за политички мотивирани обиди да се намали слободата на говор, со предупредување дека злоупотребата на моќта, која им ги одзема правата на некои, ги загрозува правата на сите.
Неколку високи федерални обвинители во канцелариите на окружните обвинители на САД низ земјата добиле наредба во понеделникот да се подготват за покренување истраги против фондациите „Отворено општество“ (Open Society Foundations), финансирана од милијардерот Џорџ Сорос, потврдиле повеќе извори за Еј-би-си њуз.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Наредбата од Акаш Синг, висок функционер во канцеларијата на заменик-генералниот обвинител Тод Бланч, била испратена до канцеларии на окружни обвинители во најмалку седум сојузни држави, вклучувајќи Калифорнија, Њујорк, Илиноис, Мичиген и Мериленд, потврдиле изворите.
Писмото ги наведува потенцијалните обвиненија што обвинителите би можеле да ги разгледаат при подготовката на истрагата против групата, опфаќајќи од „обезбедување материјална поддршка на тероризмот“, палеж, измама преку жични и електронски комуникации до рекетирање, рекле изворите.
„Ова Министерство за правда, заедно со нашите вредни и посветени окружни обвинители на САД, секогаш ќе става приоритет на јавната безбедност и ќе истражува организации кои заговоруваат да извршат насилство или други федерални кривични дела“, изјави портпаролот на Министерството за правда на САД.
„Оупен сосајети фаундејшн“ тврди дека недвосмислено го осудува тероризмот и не финансира тероризам.
„Нашите активности се мирни и законски, а очекуваме нашите грантисти да ги почитуваат човековите права и да ја почитуваат законодавството. Овие обвинувања се политички мотивирани напади врз граѓанското општество, наменети да ја загушат слободата на говор што администрацијата не ја поддржува и да ја поткопаат Првата амандманска гаранција за слобода на говор. Кога моќта се злоупотребува за одземање на правата на одредени луѓе, тоа ги загрозува правата на сите луѓе“, стои во соопштението на Фондацијата.
Директивата доаѓа во период кога претседателот Доналд Трамп и високи претставници на Белата куќа во последните недели ги засилија барањата Министерството за правда и од ФБИ поагресивно да ги гонат групите од левицата кои, според нив, го поттикнале политичкото насилство во земјата.
Претседателот Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс конкретно го споменале Сорос во јавни изјави по убиството на десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк, при што Трамп во интервју за рече дека Сорос треба да биде истражуван за рекетирање.