Урсула фон дер Лајен / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Фон дер Лајен: Крајната левица и десница се за Путин, а не за мир во Украина

Европските граѓани во огромно мнозинство го поддржуваат мирот во Украина, но екстремната левица и десница не се залагаат за мир, туку за рускиот претседател Владимир Путин, рече денеска во својот говор на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Валенсија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа во говорот пред претставниците на европските конзервативни партии рече дека екстремните левичари и десничари „го бојкотираат европското будење“, велејќи дека Русија не е закана за Европа, туку дека само силна ЕУ може да го заштити мирот.

-Заканата што ја претставува Русија нема да исчезне. И знаеме дека американското внимание сè повеќе ќе се префрла кон други региони. Значи, нема сомнение дека мирот во Европа бара од нас да преземеме многу поголема одговорност за нашата одбрана, рече таа на конгресот на ЕПП во Валенсија.

Фон дер Лајен уште еднаш ја повика Унијата да се фокусира на планот за вооружување вреден 800 милијарди евра, додавајќи дека на Путин не може да му се верува, но дека Европа мора да го „обесхрабри“, пренесува Анса.

-За праведен и траен мир, мора да продолжиме да бидеме со Украина. Со зголемен притисок врз Русија. И да, со јасен пат за пристапување на Украина во нашата Унија. Нашата порака до Украина е јасна. Вашата слобода е наша слобода. Вашата безбедност е наша безбедност. А вашата иднина е во нашата Унија, заклучи Фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот