Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Фон дер Лајен: Ќе има сериозни последици за Белорусија

Ќе има силен одговор, режимот на Лукашенко ќе мора да разбере дека ќе има сериозни последици, ќе разговараме за разните можности за санкции, санкции за инволвирани поединци, но и за бизниси и економски ентитети кои го финансираат овој режим како и за авионскиот сектор во Белорусија, изјави шефицата на Европската Комисија.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на ЕУ самитот во Брисел порача дека присилното слетување на авионот во Минск нема да помине неказнето од страна на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Ќе има силен одговор, режимот на Лукашенко ќе мора да разбере дека ќе има сериозни последици, ќе разговараме за разните можности за санкции, санкции за инволвирани поединци, но и за бизниси и економски ентитети кои го финансираат овој режим како и за авионскиот сектор во Белорусија, изјави шефицата на Европската Комисија.

Таа побара под итно да биде ослободен опозиционерот Роман Пратасевич поради кој беше приземјен авионот на Рајанер и кој беше веднаш приведен.

-Имаме и економски и инвестициски пакет од три милијарди за Белорусија но тој е замрзнат сè додека Белорусија не стане демократска, порача фон дер Лајен.

Земјите членки оваа вечер ќе ја посветат на Белорусија и ќе ги разгледуваат опциите за санкции, со надеж дека ќе успеат да постигнат консензус. 

Белоруската армија тврди: Екипажот на Рајанер самостојно одлучи да слета во Минск

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот