фон дер лајен EPA/JESSICA LEE

Фон дер Лајен ќе одржи говор за состојбата на Унијата, и Западен Балкан е на дневен ред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес ќе го одржи годишниот говор за состојбата на Унијата (SOTEU) во Европскиот парламент во Стразбур, а се очекува да зборува за проширувањето и Западниот Балкан, објави денес „Бриселс тајмс“.

Се вели дека се очекува Фон дер Лајен да се фокусира на глобалните предизвици со кои се соочува Европската Унија, вклучувајќи ги односите ЕУ-САД, континуираната поддршка на ЕУ за Украина во нејзината војна против Русија и европската одбрана и безбедност.

Бриселскиот весник додава дека следниот долгорочен буџет на ЕУ исто така ќе биде високо на агендата, како и одржливиот просперитет и конкурентност, зелената и дигиталната транзиција на ЕУ, вклучително и вештачката интелигенција, и прашањето како да се заштити демократијата и основните вредности на ЕУ.

По критиките за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, недостатокот на транспарентност, нејасните политики за борба против климатските промени, недостатокот на лидерство на меѓународната сцена и нејасниот план за намалување на трошоците за живот во ЕУ и раст на економијата на блокот, „Бриселс тајмс“ заклучува дека Фон дер Лајен ќе се најде во дефанзива.

По обраќањето ќе следи дебата со европратениците за поттикнување потранспарентна и подемократска ЕУ и овозможување на европратениците да ја надгледуваат работата на Комисијата и да помагаат во водењето на политиката на ЕУ.

Ова е првото годишно обраќање за состојбата на Унијата на Фон дер Лајен од почетокот на нејзиниот втор мандат како претседател на Европската комисија пред нешто повеќе од десет месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот