Фото: Хрватска полиција

Фолк-пејач дилал кокаин на Хвар, се шетал со наполнет пиштол на појасот

Во местото Јелса на хрватскиот град Хвар, полицијата вчера уапсила 53-годишен пејач на народна музика од Славонија, кој неодамна се доселил на островот, јавија хрватските медиуми.

Врз основа на судска наредба, биле претресени куќата и возилото што го користел 53-годишниот маж, а полицајците нашле 117 грама кокаин, мала количина хашиш, вага со траги од дрога, но и модифициран револвер и 14 куршуми. Мажот е осомничен за две кривични дела – неовластено производство и трговија со дрога и нелегално поседување оружје и е предаден во притвор.

Како што дознава „Јутарњи лист“, полицајци во цивил, за време на неколкунеделна оперативна работа на терен, оправдано се сомневале дека новодојдениот жител на островот, славонскиот изведувач на народна музика Стипе М. (53) познат како Маки, се занимавал со трговија со дрога, поточно со кокаин.

Тој тргувал со дрогата од неговата новокупена куќа во Јелса. При апсењето, полицајците пронашле и заплениле револвер со куршум во цевката, кој го носел на појасот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот