Фестивалот ќе се одржи од 12 до 14 септември во кафе-книжарницата „Буква“

Фокус на актуелната алтернативна сцена носи фестивалот „Арт Ареа / Артерија“ на „Бегемот“

Книжевно-мултимедијалниот фестивал „Арт Ареа / Артерија“, што веќе девет години континуирано ја промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување, во организација на „Бегемот“ ќе се одржи од 12 до 14 септември во кафе-книжарницата „Буква“.

Како и секоја година, фестивалот ќе биде точка на пресек на различни културно-уметнички полиња. Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и годинава „Арт Ареа / Артерија“ е планирана со богата програма од различни културни зони.

Фестивалската тема е „Македонската алтернативна музика“, на која преку неколку тематски настани и концерти во живо ќе ѝ биде посветен вториот фестивалски ден.

Публиката на фестивалот ќе има можност да проследи изложба на фотографии од Наташа Гелева; шест книжевни разговори за новите книги на Оливера Ќорвезироска, Љупчо Петрески, Ѓоко Здравески, Ана Тодоровска, Васко Марковски и Тони Димков; музичка панел-дискусија со учество на Васко Марковски, Елеонора Стојановиќ, Раде Биковски, Филип Букршлиев и Ивица Димитријевиќ; како и музички видеоартови, поетско-музички перформанс и концерти од млади македонски музичари, актуелни на македонската алтернативна сцена.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 297, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 6-8.9.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот