Ламин Јамал/фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

Флик го потврди враќањето на Ламин Јамал – најдобрата можна вест за Барса

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, денеска потврди дека Ламин Јамал ќе се врати во составот за викендот.

Натпреварот против Овиедо ќе биде прерано за негово враќање на терен, но затоа младиот талент ќе биде во составот во недела против Реал Сосиедад, исто како и Алехандро Балде.

„Јамал и Балде се опоравени и тренираат со екипата, но мечот со Овиедо е сепак прерано за нив. Во недела ќе сметаме на нив,“ изјави Флик.

Да потсетиме, Пабло Гави ќе мора да паузира околу пет месеци поради сериозна повреда на коленото, додека Фермин Лопез се очекува да се врати по октомвриската пауза.

Најважно за каталонскиот клуб е тоа што и Ламин Јамал и Алехандро Балде ќе бидат подготвени за големото дерби со Пари Сен Жермен кое е закажано за 1 октомври.

 

Превземено од: https://sport.com.mk/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот