фото: ФК Вардар

ФК Вардар закажува прес: Доста беше! Време е да ја знаете целокупната вистина!

Во август еден од првите луѓе на навивачката група „Комити“, Милорад Миленковски изјави дека завршени се сите процедури, Здружението 35 години Вардарци зад кое стои навивачката група „Комити“ ја презема и раководната структура, и 100% од акциите на фудбалскиот клуб Вардар.

Јасно ќе се обратиме до инстутициите од кои добивме некои ветувања, дека нашиот дел од работата го завршивме, сега сте вие на потег. Ова не значи дека имаме амбиции да бидеме газди на клубот. Се бара институционално решение за ФК Вардар, не времено, туку трајно решение. Бараме клубот да биде во статутот на Град Скопје и на општините. Апелираме до компаниите кои сакаат да изразат желба да инвестираат во ФК Вардар и биле дел од еден проширен управен одбор со цел нормално функционирање на клубот – беа тогаш зборовите на Миленковски пред медиумите.

По две години пауза, ФК Вардар се врати во Првата лига, но досегашните резултати во новата сезона не се најдобри. Моментно по седум одиграни натпревари, скопските „црвено-црни“ се на последното 12 место со четири бодови.

ФК Вардар закажува прес-конфереција на која ќе го каже својот збор, со цел јавноста да биде запознаена со целокупната вистина:

– Време е ФК Вардар да го каже својот збор. Доста беше! Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција, која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром, а која симболично ќе започне во 5 за 12, односно во 11:55ч. Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат, со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата, на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат, а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот! – стои во објавата на клубот.

Прес-конференцијата ќе биде емитувана во живо на официјалните страници на ФК Вардар и н.г. “Комити Запад”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот