
ФК Вардар: Нема да навлегуваме во расправии со обложувачката мафија, собрана во кратовскиот прволигаш
Во македонската фудбалска јавност од вчера е актуелна ситуацијата помеѓу Вардар и Силекс. Од Силекс сметаа дека се оштетени во вчерашниот натпревар од Купот на Македонија кој Вардар го доби со 0:1, а денеска се огласија од Вардар.
Препорачано
Во продолжение во целост соопштението на Вардар:
„Вардар не сака и нема да навлегува во расправии со примитивни и провинциски структури на фудбалското подземје и кладилничарската мафија во Македонија собрана во кратовскиот прволигаш.
Злоупотребата на истоимената телевизија од истоимениот клуб на феудалната фамилија е работа на немоќ и безидејност. И се коси со било кои новинарски стандарди, норми и морал.
За жал по Силекс, дојдено е времето на „новото нормално” на кое ќе треба да се привикнат, односно време каде нема нарачки на подобни судии кои треба да го обезбедат резултатот што спортски не можат и не заслужуваат да го постигнат.
Како што беше случај есеноска кога на Арената ни дадоа гол од офсајд во 95-та минута кој беше поништен, а потоа по долги „консултации” беше признат. Вардар тогаш не плачеше, се сврте кон себе и кон решавање на своите проблеми. Плачењето им го остави на размрсулавените плачковци.
Фактите кажуваат дека ФК Вардар вчера имаше посед на топка од 75%, 15 шута од кои 8 во рамките на голот и 6 стонастотни шанси. Нашите противници Силекс од Кратово, предводени од луѓе што го финансираат клубот од фиксирање натпревари, и кои своевремено го испаднаа Пелистер од првата лига, немаа ниту еден удар во рамките на нашиот гол.
Единствената грешка што вчера ја направи нашата екипа е што не му даде 3-4 гола на Мали Ѕинго. Затоа со душа ја чекаме средбата што меѓу нас и нив ќе се одигра во третиот круг од прволигашкото натпреварување, каде на терен ќе се покаже кој е кој“, стои во соопштението на Вардар.
ФФМ потврди дека Вардар постигнал гол од офсајд, но и одговори на критиките од Силекс