фото: facebook.com/FKVardarSkopje

ФК Вардар и Захариевски спогодбено ја раскинаа соработката

Во неделата во рамките од 13 коло во Првата македонска фудбалска лига во Битола екипата на Вардар загуби од Пелистер со резултат 1:0.

Тоа е веќе деветти пораз за скопските „црвено-црни“ оваа сезона во шампионатот и моментно е на последното 12. место на табелата со осум бодови.

Денеска клубот објави дека ФК Вардар и досегашниот тренер Срѓан Захариевски ја раскинаа соработката.

– АД ФК Вардар и шефот на стручниот штаб, Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката. АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман, максималниот вложен труд и големата желба за успех. За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш отворени – стои во објавата на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот