
ФИВБ одлучи: Русија нема да биде домаќин на Светското одбојкарско првенство
Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) соопшти дека планетарното одбојкарско првенство годинава во машка конкуренција нема да се игра во Русија и дека наскоро ќе се знае кој ќе биде новиот домаќин.
Препорачано
– Поради руската воена инвазија на Украина, ФИВБ е сериозно загрижена за безбедноста на украинските граѓани.
Управниот одбор дојде до заклучок дека поради војната во Украина ќе биде невозможно да се подготви и одржи Светското првенство во Русија. Соодветно на тоа, беше одлучено да се лиши Русија од домаќинот на планетарното првенство за мажи, што требаше да се одржи во август и септември 2022 година.
За тоа е информирана Одбојкарската федерација на Русија, како и организацискиот одбор. ФИВБ ќе бара нов домаќин, со намера целото одбојкарско семејство, вклучително и националните федерации, спортистите, официјалните лица и навивачите, да се чувствуваат безбедно – се вели во соопштението.
Претходно ФИВБ објави дека турнирите од Лигата на нации летово нема да се играат во Русија.
Потсетуваме, Меѓународниот олимписки комитет во понеделникот ги повика сите организации да им забранат на руските спортисти да се натпреваруваат и советуваше на Русија да ѝ се одземе организацијата на сите натпреварувања.
ИОК бара исклучување на руските и белоруските спортисти од сите натпреварувања