Знаме на Босна и Херцеговина/ Фото: МИА

Фискална реформа во ФБиХ: Минимална плата 1.000 КМ, придонесот се намалува на 28,5 отсто

Мухамед Хасановиќ, кој е дел од Економскиот совет на премиерот на Федерацијата БиХ и кој работи на подготовка на новиот сет фискални закони во ФбиХ, во интервју за Кликс.ба. посочува дека ова е најголемата фискална реформа досега, која вклучува сет фискални закони поврзани со Законот за минимална плата, Законот за придонеси и Законот за данок на доход.

„Целта на овие закони е да им се олесни бизнисот на работодавачите, како и да се подобрат стандардите на работниците, што подразбира дека ќе им биде полесно на идните инвеститори кои сакаат да инвестираат во Босна и Херцеговина. Со овој сет на фискални закони, ќе ја подобриме ефикасноста, правичноста и транспарентноста на фискалниот систем“, вели Хасановиќ.

Тој додава дека Законот за минимална плата во ФБиХ ќе пропише минимален износ од 1.000 KM што работодавачите мора да им ги плаќаат на своите вработени како месечен надоместок за работа. Со новиот Закон за придонеси во ФБиХ придонесите ќе се намалат од сегашните 41,5 отсто на 28,5 отсто“, вели Хасановиќ. Кога станува збор за Законот за данок на доход во ФБиХ, тој ќе го пропише оданочувањето на доходот што поединецот го добива како приход, кој вклучува приход од вработување, самовработување, имот, капитал и други извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот