„Ѕвездите на Гранд“/ Фото: Принтскрин/Јутјуб/@ZvezdeGranda_Official

Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ прекинато поради судирите помеѓу граѓаните и полицијата во Србија

Финалето на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ синоќа беше прекинато во текот на емитувањето, откако избувнаа судири на улиците на Белград по завршувањето на студентските протести, пишуваат српските медиуми.

Откако беше прекинато емитувањето на „Ѕвездите на Гранд“ на Пинк, поради вонредните вести, продукцијата донесе одлука.

Тие одлучија да ја откажат финалната вечер синоќа и да ја одложат.

Поради ситуацијата во Белград и немирите на улиците, емитувањето на финалната вечер беше прекинато по емитувањето на првиот круг настапи на финалето од 20-те кандидати.

Во програмата во живо, водителката Ана Севиќ рече зошто финалето е прекинато и каков е планот за продолжување на емитувањето.

– Почитувани гледачи, „Гранд продукција“ отсекогаш ги почитувала правилата и како фер-плеј играчи не можеме да дозволиме кандидатите од Србија да бидат оштетени, со оглед на тоа што вечервашната емисија не беше емитувана во целост на територијата на Србија – рече Ана.

– Најавуваме дека ќе ја продолжиме емисијата следната сабота со цел да се емитува на територијата на сите земји, за сите кандидати да добијат еднаква шанса и можност за победа. Ви благодариме што бевте со нас вечерва и што гласавте. Поддршката е важна за сите нас во овој момент. Се гледаме следната сабота, кога ќе го продолжиме дружењето – најави водителката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот