Дистрибутер на филмот е МЦФ

Филмската анимација „Хокус-покус Диплодокус“ е комбинација од анимиран и игран филм

Создадена во форма на стрип, приказната „Хокус – Судењето на Диплодокус“ беше преточена во синхронизирана анимација како комбинација од анимиран и игран филм, со што најновата кинематографска авантура стана уште позабавна и поспецијална.

Кога еден талентиран стрип-уметник добива можност да создаде приказна за симпатичен диносаурус врз основа на неговата идеја, неговите издавачи се решени да нарушат сè барајќи сценарио по своја волја. Така настанува насловот за малиот Диплодокус, чиј живот постојано се брише и се исцртува. Вака изгледа најновиот анимиран филм „Хокус-покус Диплодокус“ од полски автори, кој се прикажува на домашниот кино-репертоар од 8 мај.

„Диплодокус“, кој е делумно анимација, а делумно игран филм со вистински актери, е замислен од полскиот стрип-уметник Тадеуш Барановски пред повеќе од четири децении, а сега е адаптиран за кинопубликата во режија на Војтек Вавшек како уште еден имагинативен наслов.

Главните ликови во анимацијата се несмасниот волшебник Хокус-покус и малиот диносаурус Диплодокус. Како херои од стрипови кои не се ни свесни за тоа, дури за време на анимираниот филм Диплодокус и пријателите откриваат што навистина им се случува, бидејќи додека авторот постојано ја менува концепцијата, вметнува нешто ново и го брише старото. Групата е убедена дека тоа е нешто нереално. Истражувајќи ја празнината што постојано се појавува во нивните животи, тие ја припишуваат магијата на необичното без да претпостават дека причините за сè се „молив и гума“ во рацете на авторите на стрипови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот