Венко Филипче и Лилијана Танги / Фото: СДСМ

Филипче во Париз се сретнал со повеќе француски политичари

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, е во еднодневна посета на Париз, каде, според партијата, се сретнал со „високи француски политички претставници“, со кои разговарал за реформската агенда и за најавената предлог-резолуција на СДСМ
за „црвените линии“ во спорот со Бугарија.

Филипче одржал работна средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги, со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, Жозеф Жустиниани, како и со директорот за Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи, Брис Рокфеј и со специјалниот претставник за Балканот, Рене Троказ.

На состаноците, според СДСМ, била истакната „поддршката од Франција во процесот на евроинтеграција“, но и „потребата од брзи резултати во исполнување на обврските и работа на реформите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот