122 години од смртта на Гоце Делчев Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Филипче: Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Фасцинантно е како денеска, повеќе од еден век подоцна, се живи и актуелни идеите, пораките и вредностите на нашиот најголем револуционер, великанот Гоце Делчев, рече денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче кој положи цвеќе во црквата „Свети Спас“ каде беше одбележана 122-годишнината од смртта на Делчев, потенцира дека како општество се уште имаме многу работа пред себе.

„Дел од визиите на македонскиот револуционер денеска звучат дури и поактуелно отколку во неговото време. Тоа е јасен сигнал дека како општество се уште имаме многу работа пред себе, дека треба да ги имплементираме сите тие негови пораки од визијата за слободна и независна Македонија“, истакна Филипче.

Тој повика, во време на глобална технолошка трансформација, доминација на вештачка интелигенција и социјални медиуми, да се вратат суштинските вредности што ги промовирал Делчев: единство, заедништво, културен натпревар и градење национален идентитет преку прогрес, а не преку изолација или пасивност.

„Ако Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна. Ако кажал дека треба сето да се разбере како поле за културен натпревар на народите, треба да работиме во таа насока – а не младите да го сфаќаат светот како поле за карта во еден правец. Ако кажал дека Македонија е полето каде што ние треба да делуваме, треба сите заедно да сфатиме дека само заеднички можеме да направиме тоа – да ја унапредуваме и надградуваме Македонија, и со човечки капацитет и со вредности, подвлече претседателот на СДСМ“, Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот