Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

ФИФА со ново правило во фудбалот кое нема да им се допадне на богатите

Светската фудбалска организација (ФИФА) донесе одлука, а која се однесува на бројот на позајмени фудбалери, која ќе почне да се применува од јули, односно следната сезона.

Новото правило вели дека веќе нема да може клубовите да позајмуваат неограничен број играчи.

Од сезоната 2022/23 клубот во својот состав ќе може да има најмногу осум позајмени играчи, исто толку ќе може да позајмува, а потоа постепено ќе се намалува. Една година подоцна ќе бидат дозволени најмногу седум фудбалери, а потоа шест од сезоната 2024/25.

Една екипа во друга ќе може да испрати најмногу тројца играчи, што значи дека филијалите се „затвараат“, што особено ќе им пречи на богатите клубови кои се навикнати да акумулираат играчи и да ги позајмуваат со години.

Важно е да се напомене дека од ова правило се изземени помладите од 21 година, додека правилото важи само на позајмици во странство.

– АТАЛАНТА ИМА МОМЕНТНО ДУРИ 63 ПОЗАЈМЕНИ ИГРАЧИ

Италијанскиот клуб Аталанта моментно има 63 фудбалери на позајмица во други клубови, што го прави европски рекордер. Од нив дури 24 играчи на Аталанта се позајмени кои се постари од 21 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!