
ФИФА се соочува со проблем, ќе ја тужат 100.000 фудбалери
Европскиот фудбал се соочува со потенцијално исторски правен преседан, откако данската фондација „Правда за фудбалерите“ покрена колективна кривична постапка во име на повеќе од 100.000 фудбалери. Причина за тужбата се, како што се наведува, системски прекршувања на работничките и пазарните права на фудбалерите, откриени со пресуда на Европскиот суд на правдата.
Препорачано
Покрај фондацијата, во постапката се вклучени и пет други фудбалски организации. Целта е јасна, да се издејствува обештетување за сите фудбалери кои, според нив, можеби изгубиле дел од приходите поради долгогодишните трансфер регулативи, кои се сметаат за спротивни на европските закони.
Во повикот од фондацијата се охрабруваат сите фудбалери кои настапувале во земјите на Европската Унија или Обединетото Кралство од 2002 година наваму да се приклучат на оваа правна битка. Клучен момент во иницијативата беше минатогодишната пресуда на Европскиот суд во случајот на поранешниот играч на Реал Мадрид, Ласана Диара. Судот тогаш утврди дека регулативите на ФИФА го кршат правото на слободно движење на работниците и правилата за конкуренција на европскиот пазар.
Овој случај би можел да предизвика длабоки последици врз постојниот фудбалски систем, особено ако судот застане на страната на играчите. Таквиот исход не само што би ја разништил досегашната структура на трансфер пазарот, туку и би отворил врата за реформи што долго време се најавуваат, но ретко кој се осмелува да ги спроведе.