Фицо: Испраќање воен персонал од Запад би и помогнало на Украина, но би довело до апокалипса

Роберт Фицо - Фотографија ЕПА, Мартин Дивишек

Украина и покрај помошта на Западот не е во состојба да го реши конфликтот и би и помогнало испраќање воен персонал од земјите на Европската унија и НАТО, но тоа би довело до апокалипса, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.

Западот гледа дека, и покрај значителната финансиска и воена помош,  Украина не е во состојба да го реши овој воен конфликт… Промени може да се направат само со пристигнувањето на воениот персонал од земјите на ЕУ и НАТО во Украина со најмодерно оружје , но тогаш можевме само да седнеме на балконот со коњак и пура и да го чекаме почетокот на светската апокалипса, вели Фицо во видео пораката објавена на неговата Фејсбук страница, пренесува РИА Новости.

Тој посочи дека на Украина и се потребни модерни системи за противвоздушна одбрана, во спротивно нема смисла да се размислува за проширување на производството на оружје или големи центри за обука во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот