фото: kfsm.mk

ФИБА во стандардна „контрола“ пред Европското кадетско првенство во Скопје

Претставници од канцеларијата на ФИБА, делот задолжен за Стариот Континент, денеска беа во посета на Скопје.

Во главниот град во периодот од 7 до 16 август ќе се организира кадетскиот шампионат за кошаркари до 16 години (дивизија Б).

Целта на претставниците на ФИБА Европа односно Ана Саторе, од одделот за натпреварувања на ФИБА Европа и Нина Башовиќ – ФИБА технички делегат, беше проверка на инфраструктурата, односно објектите и спортските сали.

Во Скопје ќе престојуваат и ќе се натпреваруваат 22 репрезентации од Европа, вклучувајќи ја и нашата национална селекција.

Потсетување дека македонските кошаркарски надежи се во групата Б заедно со Полска, Словачка, Босна и Херцеговин, Ирска и Кипар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот