фото: ffm.mk

ФФМ и МВР потпишаа Меморандум за унапредување на безбедноста на фудбалски настани и заштита на интегритетот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува партнерството меѓу двете институции во насока на зајакнување на сигурноста, безбедноста и интегритетот на фудбалските натпревари.

Во рамките на соработката ќе се реализираат заеднички безбедносни планови и протоколи за натпревари, редовни координации меѓу службите на МВР и ФФМ, обуки за службени лица и редарски служби, едукативни кампањи за промоција на спортски дух и воведување технолошки решенија за следење и навремена реакција при инциденти. Со оваа иницијатива, Министерството и Федерацијата испраќаат силна порака дека фудбалот треба да биде простор на почит и фер натпреварување, ослободен од негативни појави.

Како Фудбалска федерација на Македонија имаме одговорност не само кон играта, туку и кон сите кои се дел од неа – фудбалерите, навивачите, клубовите и општеството. Со потпишувањето на овој Меморандум со МВР, отвораме ново поглавје во безбедноста и организацијата на натпреварите. Заеднички ќе работиме на создавање средина каде што фер-плејот и почитта ќе бидат норма, а насилството и недоличното однесување – исклучок кој ќе биде санкциониран.

Оваа соработка претставува важен чекор кон европски стандарди во организирање на фудаблски настани и јасно укажува на нашата заложба да изградиме фудбалска култура која инспирира, а не дели. Уверен сум дека заедно ќе постигнеме многу во интерес на фудбалот и општата безбедност – вели Масар Омерагиќ, претседателот на ФФМ.

фото: ffm.mk

Целта на овој Меморандум е ефективна координација и размена на информации, унапредување на безбедносните протоколи, спречување на насилство и недолично однесување и поттикнување на позитивна спортска култура меѓу навивачите.

Министерството за внатрешни работи континуирано работи на унапредување на безбедносните стандарди и заштита на јавниот ред и мир, особено кога станува збор за настани со масовно присуство како што се фудбалските натпревари. Потпишувањето на Меморандумот со ФФМ претставува основа за продлабочена и координирана соработка. Заедничките активности, обуки, планови и комуникациски механизми ќе овозможат навремено препознавање и спречување на потенцијални ризици, со крајна цел – зголемена безбедност за сите учесници и посетители на спортските настани.

Во оваа насока, една од клучните цели е заштитата на интегритетот, односно препознавањето и спречување на организираниот криминал и корупција, воопшто во спортот. Оваа иницијатива не е само административен чекор, туку конкретна акција насочена кон заедничка одговорност, превенција и градење на здрава и безбедна спортска култура во Македонија – се зборовите на Александар Јанев, директорот на Биро за јавна безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот