Фото: ФФМ

ФФМ брзо реагираше за скандалот во Гевгелија: Згрозени сме, овој срам нема да помине неказнет!

Фудбалската федерација на Македонија експресно се огласи поради скандалозниот кој денеска го постигна Башкими за победа над Кожуф во самата завршница.

Од ФФМ истакнаа дека по доставувањето на извештаите од официјалните лица на натпреварот ќе биде одлучено и каква казна ќе има за виновниците.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.

Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот.

Она што го видовме е срамно и неприфатливо.

Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици.

Очекуваме целосни извештаи од официјалните лица на натпреварот, по што ќе бидат преземени сите мерки во рамките на нашата надлежност.

Нема да има заштитени – секој што со своето однесување го нарушил интегритетот на натпреварувањето ќе биде соочен со одговорност.

Нашата цел е јасна: фудбал без дамка, натпревари во кои резултатите се одлучуваат на теренот, а не зад кулисите.

ФФМ останува цврсто определена да стави крај на нечесните практики и да го врати достоинството на македонскиот фудбал.

Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал.

Во соработка со МВР и надлежните институции ќе преземеме сè што е потребно ваквите случаи да добијат соодветен епилог“, стои во реакцијата.

ВИДЕО | Башкими постигна скандалозен гол во ВМФЛ: Фудбалерите на Кожуф како да не сакаа да играат!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот