EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Фетел изгледа се враќа во Формула 1, веќе се шпекулира и за тимот

Германскиот ас се повлече во 2022 година, оттогаш беше неактивен, но од неколку извори се дознава дека веројатно е оти од идната година ќе се најде во тимот на Ауди

Никогаш не вели никогаш. Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион, би можел да се врати во Формула 1. Тој се повлече од Ф1 на крајот на 2022 година. Се чини дека камбекот на Германецот е пореална опција отколку што изгледа на прв поглед. И тој би го направил камбекот како можен водач на возбудлив проект, оној на Ауди (сега Заубер).

Неговиот стар познаник Хелмут Марко (директор во Ред бул) ја најави желбата на Себастијан да се врати во спортот на највисоко ниво. Според информациите на австриската новинска агенција „OE24“, опцијата што ја разгледува Фетел е Ауди, проект во кој не би бил под никаков притисок, бидејќи е повеќе долгорочен.

Постои логика, бидејќи Фетел е германски возач, еден од најпознатите во историјата покрај Михаел Шумахер, а Ауди е германски тим, така што од таа фирма би можеле да бидат комерцијално заинтересирани за потписот на Фетел.

Треба да се каже и дека Ауди го има потпишано само Нико Хулкенберг за следната година, па во моментот сè уште нема одлука кој ќе го заземе другото место, но 100 отсто германско дуо може да биде многу корисно за нив.

Фетел е четирикратен шампион (2011, 2012, 2013, 2014), а тоа го оствари како возач на Ред бул.

Болидот на Шумахер од 2002 година по вторпат оваа година ставен на продажба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот