Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Фернандеш потврди: Имав понуда од Ал Хилал, но парите не ми се најважни
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одлучи да остане на „Олд Трафорд“ и покрај примамливата понуда од Саудиска Арабија, поточно од клубот Ал Хилал.
Препорачано
Португалецот откри дека директно бил контактиран од претседателот на Ал Хилал, но веднаш ја одбил понудата.
„Имав можност, претседателот на Ал Хилал ми се јави лично, но му реков дека не сум заинтересиран“, изјави Фернандеш.
Тој додаде дека разговарал и со тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, кој исто така го советувал да не прифаќа трансфер.
„Ал Хилал ме чекаше, но потоа зборував и со Аморим, кој ме замоли да не заминам. И Манчестер Јунајтед беше категоричен, клубот не сакаше да ме продаде“, објасни португалскиот репрезентативец.
Иако се работело за финансиски атрактивна понуда, Фернандеш потенцираше дека амбицијата за настап на највисоко ниво пресудила.
„Тоа беше амбициозен проект, лесен трансфер и одлична опција за моето семејство. Но јас сакам да се натпреварувам во најголемите европски натпреварувања, и затоа останувам тука“, заврши Бруно.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
54мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5