фото: facebook.com/bcfeniks2010

Феникс 2010 реди победи во Првата кошаркарска лига

Во 18 коло од Првата македонска кошаркарска лига екипата на Феникс 2010 триумфираше дома над МКК Куманово со 84:75.

За Феникс 2010 ова е петта победа во низа, деветта вкупно оваа сезона за моментно седмо место со 27 бодови.

Во триумфот најголем придонес имаше Митревски со 21 поен, по 19 реализираа Адетукаси и Бертранд, а 18 имаше Шепард.

На спротивната страна Тадиќ запиша 17 поени, а три помалку имаше Радукиќ.

МКК Куманово по седмиот пораз во шампионатот е на втората позиција со 29 бодови, еден помалку од водечкиот МЗТ Скопје Аеродром.

Во следното коло на 8 март МКК Куманово ќе го пречека Шкупи, додека Феникс 2010 истиот ден ќе оди кај Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот