Фото: EPA-EFE/MONIRUL ALAM

Фатен е само еден од 40 мајмуни кои избегаа од лабораторија во САД

Само еден од 43 мајмуни одгледани за медицински истражувања кои побегнале од имот во Јужна Каролина бил фатен и неповреден, изјавија официјални лица.

Многумина од преостанатите бегалци се уште се во непосредна близина, на само неколку метри од имотот, каде што скокаат напред-назад преку оградата на зградата, се вели во соопштението на полицијата.

Поголема група мајмуни макаки побегнале во средата откако вработен во објектот Алфа Генезис во Џемаси не успеал правилно да ја заклучи вратата додека ги хранел и проверувал, соопштија официјални лица. Мајмуните се со големина на мачка и сите тежат околу 3 килограми.

Во петокот мајмуните ја истражувале надворешната ограда на комплексот „Алфа Генезис“. Денеска продолжија да комуницираат со оние кои останаа внатре во објектот, што е позитивен знак, се вели во полициското соопштение.

Извршниот директор на Alpha Genesis, Грег Вестергард, рече дека напорите за фаќање на сите животни ќе продолжат во текот на викендот и ќе траат онолку долго колку што е потребно.

Алфа Генезис, федералните здравствени власти и полицијата велат дека мајмуните не претставуваат ризик за јавното здравје. Во гореспоменатата институција, мајмуните обично се одгледуваат за продажба на медицински и други истражувачи.

Сурија макаки избегаа од центар за истражување откако чуварот заборавил да ги заклучи кафезите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот