Фасцинантни тајни на древното балсамирање: Истражувачите откриле како всушност мирисале древните египетски мумии

Научниците откриле дека древните египетски мумии немале непријатен мирис, туку мирисале на дрво, темјан и слатки ноти, што ги открива фасцинантните тајни на древното балсамирање.

Според истражувањето објавено во четвртокот во „Journal of the American Chemical Society“, древните египетски мумии најмногу мирисале „дрвенесто“, „зачинето“ и „слаткасто“, .

Истражувачите анализирале девет мумифицирани тела од Египетскиот музеј во Каиро, од кои повеќето датираат од првиот и вториот милениуми п.н.е., користејќи комбинација на алатки и техники.

„Мирисот на мумифицираните тела со години привлекува значителен интерес кај експертите и пошироката јавност, но досега не е спроведена никаква комбинирана хемиска и перцептивна научна студија“, рече главниот автор, професор Матија Стрлич од Универзитетот во Лондон (UCL) и Универзитетот во Љубљана.

„Ова револуционерно истражување навистина ни помага подобро да ги разбереме античките материјали за балсамирање.

Како го истражувале случајот?

Истражувачите ангажирале група обучени луѓе за мирирсање кои имале задача да го опишат квалитетот, интензитетот и пријатноста на мирисот, како и да ги измерат вклучените молекули и соединенија со гасна хроматографија и спектрометрија.

Тоа му овозможило на тимот да утврди, на пример, дека овие компоненти потекнуваат од конзерванси, микроорганизми или пестициди.

Мирисите биле опишани како „дрвенести“ во 78 проценти од случаите, „зачинети“ во 67 проценти и „слаткасти“ во 56 проценти, додека „слични на темјан“ и „застоени“ добиле по 33 проценти.

Д-р Сесилија Бембибре од UCL рече дека истражувањето ја нагласува „важноста да ги користиме нашите сетила за да го разбереме минатото“.

Мумификацијата во древниот Египет обично вклучувала третирање на телото со масла и смоли, вклучувајќи ги и оние од бор, кедар и смрека, за да се зачува телото и душата во задгробниот живот и да им се даде пријатен мирис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот