евровизија
Евровизија, 2022 / Фото: Инстаграм

Евровизија 2022: Вечерва ќе дознаеме кој нè претставува во Торино!

Вечерва во емисијата „Стисни Плеј“, која ќе се емитува во 21.15 часот на Македонската радио телевизија, ќе бидат објавени резултатите од гласањето за победничката песна која ќе нè претставува на натрпеварот за „Евровизија“.

Разговор со Јон Ајдини или Yon Idy: Ќе успее ли да ја испее „Dreams“ на Евровизија?

Оваа година македонскиот претставник се избира онлајн, а во потесниот круг влегоа шестмина кандидати.

ВИДЕО | Фаворитот од „Македонски идол“ сега е во трка за претставник на Евровизија: „Супермен“ ми дава сила

Калина Велковска или Kaly со песната „ „Love and Light“, Јон Ајдини или Yon Idy со песната „Dreams“, Лара Иванова со песната „Flowers of Sorrow“, Виктор Апостоловски со „Superman“, Андреа Коевска со песната „Circles“ и Борис Цветановски или Ris Flower со песната „Flying to Berlin“.

Лара Иванова по стапките на Калиопи: Ако ја освои довербата, на Евровизија ќе запее и на македонски

Македонскиот претставник ќе биде избран со комбинација од гласовите на публиката и меѓународното жири. Односно 50% – 50%.

ВИДЕО | Фаворитот од „Македонски идол“ сега е во трка за претставник на Евровизија: „Супермен“ ми дава сила

Платформата за гласање е отворена седум дена од промоција на песните и истата завршува вечерва. Доколку сè уште не сте гласале, а вашиот глас можете да го дадете на следниов линк.

ФОТО+ВИДЕO | Калина, финалистка на Евровизија: Не верувам во натпревар со останатите – битките ги водам со самата себе!

Нека победи најдобриот!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот