
Европските лидери во Копенхаген денес и утре ќе се фокусираат на безбедноста, Украина, миграцијата…
Европските лидери ќе се соберат денес и утре во Копенхаген на два самити фокусирани на безбедноста, одбраната и војната во Украина, поради серијата инциденти со беспилотни летала на данските аеродроми и воени бази во текот на изминатата недела, а ќе разговараат и за прашања поврзани со миграцијата и трговијата со луѓе.
Препорачано
Лидери на Европската Унија денес ќе одржат неформален состанок во Копенхаген за да разговараат за зајакнување на заедничката одбрана на ЕУ и поддршката за Украина.
Како што е наведено во соопштението објавено на веб-страницата на ЕУ, на состанокот меѓу другото ќе се разговара за тоа како да се зајакне европската одбрана во светлината на неодамнешните повреди на воздушниот простор од страна на неколку земји членки на блокот, за што ја обвинуваат Русија.
Лидери на ЕУ денес ќе разговараат и за понатамошна воена и финансиска поддршка за Украина, вклучително и предлог за користење на замрзнати руски средства, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се обрати на лидерите преку видео врска, пренесува АП. Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) ќе се одржи и утре во Копенхаген, каде што дополнително ќе се дискутира за безбедноста, трговијата со луѓе и миграцијата, со учество на околу 40 шефови на држави или влади, вклучувајќи го и британскиот премиер Кир Стармер.
Стармер и другите европски лидери ќе им се придружат на партнерите од ЕУ на вечера вечерва, пишува АП.
Лидери на ЕПЗ, според извештајот на агенцијата, утре ќе разговараат за безбедноста, трговијата со луѓе и миграцијата.
Самитите во Копенхаген се одржуваат во време кога данското Министерство за одбрана инсталираше прецизен радарски систем за следење на беспилотни летала, додека Франција, Германија, Холандија, Шведска и Обединетото Кралство испратија авиони, бродови и системи за воздушна одбрана во Данска.
Украинските вооружени сили исто така моментално учествуваат во заеднички вежби во таа земја.
Данската премиерка Мете Фредериксен, која нагласи дека Русија е „главна закана за безбедноста на Европа“, ќе биде домаќин на денешниот неформален состанок на лидерите на ЕУ, со кој ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.