Европските лидери утре на состанок во Париз за поддршка на Украина

елисејска палата
Елисејска палата/ Фото: ЕПА

Околу 20 шефови на држави и влади, главно европски, ќе одржат состанок во понеделник во Париз за да ја потврдат поддршката за Украина, земја во многу тешка ситуација по повеќе од две години исцрпувачка војна против Русија.

На средбата во Елисејската палата ќе присуствуваат огромно мнозинство европски лидери, меѓу кои и германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот претседател Анджеј Дуда, како и премиерите на 15 земји од ЕУ.

На собирот преку видео врска ќе се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Претставниците на Унгарија и Словачка, двете земји од ЕУ најмалку наклонети кон Украина, нема да присуствуваат поради претходно закажаните обврски, се вели во соопштението на француското претседателство.

На средбата ќе присуствуваат американски и канадски претставници, како и шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон.

Целта на состанокот е да се разгледаат сите средства за ефикасна поддршка на Украина, се додава во соопштението.

Состанокот доаѓа во контекст на загриженост во време кога Киев без оружје и муниција се наоѓа во многу тешка ситуација против Русија.

Од Елисејската палата додаваат дека целта на средбата е да се испрати порака дека постои волја да се запре руската инвазија на Украина, како и порака до рускиот претседател Владимир Путин дека нема да победи во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот