Фото: Промо

Европска турнеја и светска дистрибуција на „Патување пеш“ на Тамара Котевска

Последното долгометражно документарно остварување на Тамара Котевска доби светски дистрибутер и започнува со „патување“. Документарниот филм „Патување пеш“ (THE WALK) во режија на Тамара Котевска започнува со европска фестивалска турнеја. Најпрво, филмот ќе има европска премиера на најголемиот фестивал за човекови права ФИФДХ (FIFDH) во Женева, Швајцарија, каде ќе има 2 проекции, а веднаш потоа, ќе се случат рекордни 5 проекции на еден од најголемите фестивали за документарен филм од А Категорија во Европа, ЦПХ ДОКС (CPH DOX) во Копенхаген, Данска како дел од програмата Хајлајтс (Highlights).

Уште една добра вест е што реномираната компанија „Тугедр Филмс“ (Together Films), со седишта во Лондон и Њујорк и значајно искуство во светска дистрибуција на филмови, ги обезбеди правата на „Патување пеш“ и истиот ќе го дистрибуира низ светот.

Филмот „Патување пеш“ ја имаше својата светска премиера на најголемиот фестивал за документарни филмови во Њујорк, САД во ноември минатата година, откако Тамара Котевска за првпат го претстави филмот на филмскиот фестивал во Венеција со краток трејлер во септември 2023 година.

„Патување пеш“ го следи патувањето на Амал – џиновска кукла висока 3,5 метри, која претставува млада бегалка и која патува преку сириската граница во Турција, а потоа низ Европа, обидувајќи се да си најде дом.

Филмот се снимаше две години на териториите на повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во креативниот тим
на филмот, покрај Тамара Котевска се и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Главен продуцент на филмот е „Греин Медија“ (Grain Media) – една од најголемите британски филмски компании фокусирана на документарните филмови, а македонски копродуцент
е ОХО ПРОДУКЦИЈА. Филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!